Напредок кон регистрирање на Македонската православна епархија во Австралија

Надлежниот Митрополит за црковните општини кои се под јуриздикција на Синодот на МПЦ-ОА во Австралија, г. Тимотеј и претседателот на Здружението на македонски заедници од Австралија, Игор Аврамовски Александров постигнале согласност околу соржината на нацрт-статутот за регистрање на Македонска православна епархија како правно лице во Австралија.  На средбата која се одржала во во Скопје, на 2-ри мај Митрополитот Тимотеј и Претседателот на Здружението на македонски заедници од Австралија, Игор Александров, ги усогласиле точките за регистрација на Епархијата во која би членувале Македонските православни општини од Австралија кои во декември 2012година Синодот на МПЦ ги прими под своја директна надлежност, по нивниот шестнаесетгодишен отпор кон обидите на владиката г. Петар да им ги узурпира имотите и приходите. 

-Нацртот, кој е резултат на преговори што започнаа во Декември 2012г., сега треба да го усвои собрание на делегати на општините кои би членувале во Епархијата, а да го одобри и Светиот Архиерејски Синод на МПЦ. Засега не гледаме објективна причина да се одбие нацртот, иако очекуваме владиката Петар да направи екстремни напори за да ја спречи регистрацијата на Епархија на МПЦ како правно лице во Австралија, бидејќи тоа ќе се коси со лажната слика која тој досега ја создаваше за да оправда ставање на црковните имоти под негово лично име, како законски сопственик и наводен старател, спротивно на Уставот на МПЦ, стои во соопштението на Здружение на македонските заедници од Австралија.

 

Ова е добар чекор и историски напредок во разговорите меѓу МПЦ и Црковните општини од Австралија, кој води до конечно помирување на австралискиот континент.

05.05.2014 - 17:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега