Како шпанска серија- се омажила за зетот за да зема пензија

Како би ги задржала парите по смртта на близок роднина во јужна Србија најчесто снаата се венча со свекорот или зетот. Законски ваквите бракови не се дозволени и се сметаат за кривично дело а матичарот дури и не треба да се согласи да ги венча.Причината поради која се склучуваат вакви бракови е тоа што по смртта на сопружниците може да биде одземена пензијата иако тие живееле во заедница. Тоа пред се важи за оние брачни парови кои немаат заеднички деца.

Еден ваков случај е случајот во кој 78- годишна пензионерка се омажила за својот 22- годишен зет, а тој непосредно пред тоа се развел од нејзината ќерка, матичарката која ги венчала знаела дека причината поради која тие се венчаат е всушност нејзината пензија која тој треба да ја наследи.

Јавна тајна во Лесковац е дека неодамна се венчаа снаа и свекор признавајќи дека тоа го прават поради пензијата.

 

 

 

05.05.2014 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега