Тодоров го посети Здравствениот дом во Крива Паланка

 

Mинистерот за здравство Никола Тодоров денеска во придружба на градоначалникот Арсенчо Алесковски денеска го посети Здравствениот дом „Професор д-р Димитар Арсов“ во Крива Паланка и нагласи дека интензивно се работи на темелна реконструкција и адаптација на сутеренски простор на бруто 500 метри квадратни каде ќе бидат сместени ургентен центар, амбуланти, лабораторија, перална и стерилизација, тоалети и гардороби за персонал.

- Овој простор целосно ќе се реконструира со замена на подови, плафони, ѕидни облоги, прозори, врати,  целокупна инсталација запазувајќи ги европските стандарди за енергетска ефикасност. Овој дом 50 години не е реновиран, сега е проект на Министерството за здравство, проект од Банката на Советот на Европа (ЦЕБ) во висина на 21.183.600,00 денари, изјави министерот Тодоров. 

Тој посочи дека со директорот на Здравствениот дом Радивој Маџовски разговарале и за други прашања, при што било договорено во најскоро време да се домот да се доопреми и со човечки ресурси. 

- Од 1955 година кога е направена оваа зграда, досега не е вршена никаква интервенција, а благодарение на Министерството за здравство и Владата на Република Македонија денес сме во фаза да го реконструираме овој дом. Во исто време многу сум благодарен што ни помогнаа и за организационите работи кои се однесуваат поточно за „рурален доктор“ добивајќи возило и потребен персонал, а во најскоро време очекуваме уште едно возило со што ќе покриеме целиот кривопаланечки терен, рече Маџовски. 

02.05.2014 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега