Во петок ДИК ќе му го врачи уверението на Ѓорге Иванов за нов претседателски мандат

 

Никола Рилкоски, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) во петок ќе му го врачи уверението на Ѓорге Иванов, избран за претседател на Република Македонија.

Ова ќе биде втор претседателски мандат за Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

ДИК на денешната седница ги соопшти конечните резултати од гласањето на вториот круг од претседателските избори што се одржа во неделата на 27 април. Иванов го поддржаа 534.910 избирачи, додека неговиот противкандидат од СДСМ и коалицијата  Стево  Пендаровски освои 398.077 гласови. На вториот круг од претседателските избори гласале 967.694 избирачи односно 54,38 отсто од вкупно 1.779.572 запишани во Избирачкиот список.

30.04.2014 - 18:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега