Дамир од Србија ќе и ја одземе невиноста - Американка си ја продава за 400.000 долари!
Американката која за јавноста е позната под името Елизабет Рејн (27), за да го заштити својот идентитет на 31-ви март направила своја интернет страница со фотографии по долна облека и објавила дека "среќникот" кој до 7-ми мај ќе понуди најмногу пари ќе го добие нејзиното тело.
На врвот на листата се наоѓа и Дамир од Србија со понуда од 300.000 американски долари, но Елизабет во меѓувреме изјавила дека добила понуда од 550.000 долари чија сериозност треба допрва да ја потврди.
Елизабет до сега го криеше своето лице и одбиваше да одговара на лични прашања, сега тоа е мината бидејчи одлучила да го покаже своето лице за да ги отстрани сомнежите кај клинетите и да привлече поголема понуда.
- "Всушност, не ми се допадна анонимноста. Луѓето знаат да ја заменат со срамежливост", кажала Рејн.
"Адвокатите имаат различни мислења, но еден адвокат од доверба верува дека тоа нема да се случи", изјавила Елизабет за британскиот "Huffington Post", откако на новинарите им го приложила својот пасош и личната карта за да го потврди својот идентитет.
"Ова го планирав со години и поминав преку лична трансформација поради тоа. Научив и многу за проституцијата", изјавила Рејн која признава дека на овој чекор се одлучила првенствено од финансиски причини, но и поради авантура, еротика, скандал и можност "да ги промени правилата околу губењето невиност".
Мајката на Елизабет умрела кога таа имала само 10 години, но таа тврди дека тоа не е причината за нејзината одлука, како што многу психолози ја интерпретирале.
- "Не сум емоционално нестабилна. Напротив, мојот карактер и поглед на животот се подобрија. Сега сум многу сочувствителна, посилна, мотивирана и имам слободен дух. Научив дека животот не треба да се сфаќа премногу сериозно, но не треба да го зeмате ни здраво за готово. Јас всушност имам многу зафатен живот. Пребирлива сум и момчињата никогаш не ми биле приоритет. Има работи кои се навистина важни. Многу сум претпазлива кога станува збор за аукции и уверена сум дека имам се под контрола", ја завршува приказната младата девојка.
Но во оваа „ игра“ има правила а тоа се: Не треба да има некаква пренослива болест, и ќе биде обврзан да носи кондом , додека трае чинот не треба да биде под алкохол, со неа не смее да има анален секс и не смее да се однесуа насилно со неа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа