Сопругата му го исекла пенисот на спиење - по несреќата станал порно актер

 

Лорена Бобит заврши на насловните страници на весниците низ светот како жената која му го отсече пенисот на својот сопруг. Оваа жена која живее во Вирџинија, стана позната кога пред 20 години на својот сопруг при расправија му го исече пенисот, а денеска кога има 44, раскажува како е да се биде жена која го носи овој епитет и дали има среќа во љубовта.

Таа за Дејли Меил низ смеа вели дека има многу мажи кои и по овој инцидент сакаат да бидат со неа. Таа од 1993 година била приморана да трпи како психичко така и физичко изживување од страна на партнерот, а една вечер пијан и бесен се вратил дома, започнал расправија со неа, и како што тврди таа ја силувал. Откако заспал мртов пијан на креветот, таа земала нож и решила да му го отсече пенисот за повеќе да не трпи понижувања. 

Таа беше проглесена за невина, откако судот донесе одлука дека кога го направила грозоморниот чин била непресметлива. Од друга страна, и операцијата на нејзиниот сопруг за враќање на пенисот била успешна, па тој призна дека по несреќата спиел со 70 жени, а потоа отишол на уште една операција, за зголемување на пенисот, по што снимил и неколку порно филмови.

 

 

 

30.04.2014 - 12:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега