ХОРОР: Се запали на ТВ дебата (ФОТО)
Вистински хорор се случил на телевизиска дебата во северна Индија, откако еден од гледачите се самозапалил и прегрнал еден локален политичар.
На крајот и двајцата се бореле за живот, изкавија денеска за АФП полицијата и сведок.
Гледачот, Дургеш Кумар Синг, се здобил со изгореници на 95 отсто од своето тело, кои веројатно ќе бидат фатални, објави полицијата.
Политичарот Камрузама Фауџи, лидер на партијата БСП, се наоѓа во критична состојба поради изгорениците кои зафатиле 75 отсто од неговото тело.
Двајца други политичари, кои учествувале во дебатата, исто така се здобиле со помали изгореници, додека се обидувале да ги спасат двајцата зафатени од пламенот. Мотивот за инцидентот не е познат.
Голем број ТВ станици организираат ноќни дебатни емисии за време на парламентарните избори кои се во тек, а тие често се организираат во селата и градовите со политичари кои одговараат на прашањата пред локалните гласачи.
Изборите во Индија, кои се воедно најголеми на светот, ќе бидат завршени на 16. мај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа