Штиер: Во СДСМ да ги оладат главите и да ги гледаат интересите на Македонија
Граѓаните на Македонија на овие избори се одлучија за политика која ќе даде континуитет на евроатланските интеграции на земјата. Европратениците упатуваат честитки за одлично организираните избори, кои според нив, се уште еден импулс дека Македонија треба што поскоро да ги започне преговорите за членство.
Како што пренесува Канал 5, европратеникот Давор Иво Штиер вели дека граѓаните го имаат последниот збор.
- Би им честитал на граѓаните на Македонија. Тие одлучија да изберат еден јасен континуитет, една јасна политика. Важно е што Македонија ќе продолжи со својот пат кон евроинтеграцијата. Граѓаните се тие кои го имаат последниот збор, нивната поддршка кон оваа партија е јасна, дека сакаат да продолжи и понатаму. Јасна е проевропската нота која е присутна во таа партија. Јас како европратеник со колегите од ВМРО – ДМНЕ ќе работиме на европската перспектива, вели Штиер и додава дека во овој момент по изборите важно е да се оладат главите и да се поддржат националните интереси. Во овој момент мислам дека прв приоритет на Македонија е да продолжи по европскиот пат. Сигурен сум дека владата на премиерот Груевски тоа ќе го стори, многу е важно тоа да го поддржат сите страни без разлика кој изгубил на изборите. Европската перспектива на Македонија треба да биде пред партиската.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа