ДИК не добила приговори за гласањето во Македнија

 

Државната изборна комисија до сега не добила ниту еден приговор за гласањето во Македонија.

Радио Слободна Европа, на програмата на македонски јазик објави дека приговор до ДИК имало само од ДУИ и тоа за гласањето во дијаспората.

-Немам до знаење дека стигнале приговори, освен за дијаспората. Има еден приговор од ДУИ за седмата Изборна единица. Сега чекаме за овде, за во земјата, бидејќи во рок од 48 часа политичките партии треба да поднесуваат приговори и чекаме до 19 часот да стигнат приговори, ако има. Ако нема приговори, тогаш ние ќе излеземе со конечниот резултат, изјави Јакупи за Слободна Европа.

Во рок од 48 часа од приемот на решението, против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд. Тужбата до Судот подносителот ја заснова на основот и врз наводите истакнати во приговорот по кој е донесена првостепената одлука.

По службена должност или по поднесен приговор, ДИК  може да поништи гласање на одредено гласачко место, само ако вкупниот број на запишани избирачи на тие избирачки места на ниво на изборна единица, град, односно општина влијае врз вкупните резултати.

29.04.2014 - 14:34
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега