Перински најави подобрување на квалитетот на животот: 38 нови проекти за развој на регионите

Посветени и фокусирани сме и на политиката за рамномерен регионален развој за да ги намалиме диспаритетите меѓу и во рамките на осумте плански региони, посочи министерот за локална самоуправа Златко Перински.
Перински информираше дека општините и Центрите за развој на планските региони ќе реализираат 38 проекти кои ќе се фокусираат на подобрување на инфраструктурата, енергетската ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија, со цел зголемување на конкурентноста во регионот.
Создаваме темели за одржлив економски раст во сите општини и региони кои ќе придонесат за подобар квалитет на живот на сите граѓани, нагласи Перински.
21.05.2025 - 11:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа