Манасиевски: Дали Филипче заедно со Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50 катница во Дубаи
Според Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, продолжува молкот на Филипче во делот на одговор на нашите прашања за потеклото на златната виза и пресудата на модуларната болница.
Филипче и СДС, вели тој, секојдневно се повеќе тонат во скандали, кои се поврзуваат со криминал и корупција.
„Филипче не одговори за потеклото на златната виза, ниту одговори дали е задоволен од пресудата за модуларната болница?
Филипче најверојатно и на денешното поставено прашање ќе продолжи да молчи и да не одговара, но сепак јавноста заслужува одговори.
Дали Филипче заедно со Заев, поседувал акции во индиска авиокомпанија, а придобивките од истите ги вложиле во градење на висококатница во Дубаи?
Дали Филипче од овие акции кои ги поседувал, каде што се поставува и прашањето од каде му нему пари за купување на толку скапи акции, има добиено милионски суми во евра“, прашува Манасиевски.
Филипче, да престане да молчи и да излезе во јавноста и да даде одговори, порача Манасиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа