За љубителите на алкохол- лижавчиња со вкус на пиво и вино
Компанијата “Лолифил“ со својот нов производ сигурно ќе ги израдува љубителите на пиво. Овој произведувач на слатки од Остин во Тексас, произвел лижавчиња со вкус на хмељ. Со топчест облик, овие лижавчиња за возрасни со со вкус на три различни пива.
Како што пренесува Њујорк дејли, ова не е прва необична идеја на “Лолифил“. Компанијата веќе на пазарот нуди лижавчиња со вкус на вино ( каберне, совињон, шардоне и мерло), како и со вкус на амарето и бурбон.
Но, не се заборавени ни најмалите, за кои “Лолифил“ направи специјални лижавчиња со вкус на мајчино млеко.
29.04.2014 - 14:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа