Тоне рејтингот на Претседателот

Популарноста на претседателот на САД Барак Обама е на најниско ниво досега, бидејќи Американците се незадоволни од неговите потези на полето на економијата, здравствената заштита и кризата во Украина, покажуваат најнови истражувања на јавното мислење.

Обама го поддржуваат само 41 отсто од избирачите, во однос мна 46 проценти пред само три месеци.

Истражувањето кое го спроведоа „Вашингтон пост“ и Еј-би-си, покажува дека економската политика на Обама ја поддржуваат само 42 отсто од испитаниците, 37 отсто се за спроведување нови мерки на здравствената политика, а само 32 отсто го поддржуваат пристапот на претседателот за кризата во Украина и односите со Русија

29.04.2014 - 13:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега