Министерството за образование доделува стипендии за на Шефилд

 Министерството за образование и наука распиша конкурс за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус за извршната МБА Програма на Универзитетот Шефилд, Грција, за академската 2013/2014 година.

Средствата за стипендиите во еднаков износ ги обезбедуваат Владата на Република Македонија и Сити-колеџот, Факултет за меѓународни студии при Универзитетот Шефилд. Ќе бидат доделени 20 стипендии за студии од насоките: општ менаџмент, маркетинг, финансии, логистичка поддршка и менаџмент во здравството.

Извршната МБА програма се реализира во Солун, за време на еден викенд во месецот. Стипендиите ги покриваат средствата за уписнина, а останатите средства (патни трошоци, сместување и други животни трошоци) се на товар на кандидатот.

На Конкурсот може да се пријават стручни лица од различни профили и бизнис-менаџери вработени во компании од приватниот и јавниот сектор. Краен рок за пријавување е 15 септември 2013 година.

Сите дополнителни информации во врска со Конкурсот - условите, потребните документи и формуларот за пријавување, се објавени на веб-страницата www.stipendii.mon.gov.mk