До 10 часот во Делчевско гласале околу 11 отсто избирачи

Сите 36 избирачки места во општина Делчево се отворени навреме и изборниот процес се одвива мирно.
Според првичните согледувања, до 10 часот  во Делчевско гласале 1.425 граѓани, што е околу 11 отсто од вкупниот број запишани во избирачкиот список.
 
Своето право на глас  вчера го искористиле 227 болни и изнемоштени лица, кои биле пријавени за гласање во своите домови.
27.04.2014 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега