Хорор: Си пукал во глава на гробот на роднината

43 годишниот Небојша Т. си го одзел животот на гробиштата во Белград.

Небојша си пукал со пиштол во глава и починал на лице место. Се претпоставува дека се убил ноќта меѓу четвртокот и петокот, а неговото тело го пронашле баби кои утрината дошле на гробиштата.

-Телото беше на гробот на извесна Весна Т, кој има исто презиме како Небојша. Засега не се знае дали Весна е негова мајка, сестра или сопруга, но во секој случај станува збор за негова драга личност. Гробот не е уреден и на крстот не се гледа годиштето на жената која почива, вели неименуван извор за српски Курир.

Небојша не поседувал дозвола за оружјето. Кај него била пронајдена легитимација на неговиот татко кој бил полицаец во БиХ.

26.04.2014 - 12:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега