ФОТО: Прегазил 12 годишно девојче и избегал - трагедија го потресе Панчево

12 годишно девојче синоќа загинало во сообраќајна несреќа, откако 25 годишниот М.Џ. ја прегазил на улица цо Панчево, Србија.

Според информациите кои ги објавуваат српските медиуми, возачот го прегазил девојчето додека тоа поминувало улица на пешачки премин, додека на семафорот било запалено зеленото светло за пешаци.

Возачот избегал од местото на несреќата, но, подоцна сам се пријавил во полиција.

Очевидците велат дека мајката на девојчето неколку пати се онесвестувала и не можела да се соземе од шокот.

26.04.2014 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа