Пијан пробиштипјанец преноќи во полициска станица
Ноќеска во 00.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода О.Т.(39) од Пробиштип.
При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „опел мерива“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта.
Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“ .
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа