„Пежо“ се преврте пред Охрид

Сообраќајна несреќа се случила утрово пред влезот на Охрид, информираат од охридската полиција.

Несреќата која се случила во близина на црквата „Св. Петка“ се случила кога автомобил „Пежо“ со охридски регистерски таблички, излетал од патот и завршил превртен на кров. За среќа, во несреќата нема повредени лица.

Полицијата работи на откривање на причините за несреќата.

26.04.2014 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега