Екстрадиран познат убиец во Македонија

Познат убиец доцна вечерва е есктрадиран во Македонија, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, станува збор за лице кое треба да одлежува казна за убиство кое го извршил пред повеќе години. Од полицијата не сакаат да изнесат никакви детали. Потврдуваат дека имале поголема акција за спроведување вечерва но не откриваат за кого станува збор. 
Извори на Press24 од истражниот затвор во Шутка велат дека голем број полициски автомобили вечерва пристигнале таму. Никој не знае кој осуденик е доведен, но низ затворот се шпекулира дека станува збор за познат убиец по кого полицијата трагала долги години. 
Press24 ја провери информацијата и на скопскиот аеродром. Од таму потврдуваат дека вечерва имало големо присуство на полициски службеници но откриваат информации кој осуденик е доведен. 

25.04.2014 - 22:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега