Тодоров: За се што е ветено во програмата е направено сериозна анализа

Од понеделник започнуваме со реализација  на она што го говоревме во целата кампања, на она што се обврзавме, на реализација на  2046 преокти кои што ги ветивме за нашите граѓани. Затоа ја бараме вашата доверба, не за да запреме туку да продолжиме од понеделник, истакна Никола Тодоров носителот на листата на ИЕ 3 од ВМРО-ДПМНЕ на последниот митинг од кампањата во Велес. 

Тој ги повика велешани да го дадат гласот за стабилни институции, иституции кои работат со една едниствена цел, државата да биде пред се, граѓаните да бидат пред се.

-Сите заедно во недела да почнеме со изградба на автопатот кон источна Македонија  и другите автопатишта во централна и западна Македонија. Да го трасираме патот на континуирано имплементирање и реализарање на сите 2046 проекти кои што ги ветивме за да можеме да ги исплаќаме 600 милони евра субвенциите. Заедно да ја градиме браната на Оризарска река, да ги реконструираме патиштата, мостот Гемиџии. Заедно да продолжиме да ја оставриме програмата, истакна Тодоров.

Програмата на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше тој,  многу сериозно ќе ги придвижи работите во Македонија напред.

-Се отвараат нови фабрики, се најавуават нови инветиции. Во Р.Македонија доаѓа фабрика која ќе отвори 5000 работни места, ќе инвестираат 400 милиони долари. Се имаме обврзано да ја намалиме невработеноста . Знаеме дека можеме тоа да го оствариме. Работивме на имплементација на многу проекти. Ветуваме умерено, ветуваме со многу размислување, со працизни анализи, го ветуваме она за кое сме сигурни дека ќе го реализираме. Да ја поддржиме најдобрата програма досега направена, истакна Тодоров.

25.04.2014 - 20:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега