Јакимовски: Во Карпош ќе се реализира сè што сме ветиле

Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски и кандидатите за пратеници во Изборната единица 1, Татјана Стојановска-Иванова и Драгиша Милетиќ, денеска се сретнаа со граѓаните на општина Карпош.

- Во Карпош ќе се реализира сè што сме ветиле. Голем дел е веќе остварено, остануваат уште некои ситници кои на граѓаните ќе им обезбедат целосен комодитет. Тоа е нашата цел. Но, ако го споредите Карпош со другите општини во Македонија, ќе заклучите дека овде се живее навистина убаво, истакна Јакимовски.

Тој направи споредба со градови во Македонија во кои, како што рече, се уште се гази во кал за разлика од Карпош. Порача дека идејата на ГРОМ е Карпош да го пренесат насекаде низ Македонија. 

25.04.2014 - 18:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа