Во недела Папите Јован Дваесет и трети и Јован Павле ќе бидат прогласени за светци

Италјанските градски власти соопштија дека во недела е закажана канонизацијата на папите Јован Дваесет и трети и на Јован Павле Втори.

 - Подготвени сме да дочекаме околу три милиони туристи и верници во втората половина на април, изјави градоначалникот на Рим, Ињацио Марино и додаде дека тоа ќе биде „планетарно случување“.

Во Рим за викендот ќе биде зајакнат јавниот превоз со дополителни автобуси, а две линии на метрото ќе работат без прекин.

Низ градот ќе има поставено 19 видео бимови и церемонијата ќе може да се следи на неколку јазиќи: италијански, полски, шпански, француски и арапски.

Марино изјави дека само од Полска се очекуваат 1.700 автобуси, 58 чартер летови и пет специјани возови.

Ќе бидат распоредени дополнително 2.400 припадници на специјалните полициски единици, бидејќи градските власти очекуваат дека е можне да има кражби.

Плоштадот на Свети Петар в сабота вечерта ќе биде затворен за пешаците и отворен в недела.

Неколку илјади волонтери ќе им делат беплатни шишиња вода на туристите и верниците. На улиците на Рим ќе има и неколку стотици лекари од брзата помош.

Папите Јован Павле Втори (Карол Војтила) и Јован Дваесет и трети (Анџело Џузепе Ронкали) беа на чело на Римокатоличката црква меѓу 1978 и 2005, односно 1962 и 1965 година.

Јован Павле Втори, прв полски папа, кој уживаше голема популарност во целиот свет, ќе биде прогласен за светец во рекордно време, само девет години по смртта. Ватиканската конгрегација задолжена за преиспитување на кандидатите за светци лани го призна второто чудо на Јован Павле Втори.

За да некој биде прогласен за светец, мора да има две „потврдени“ чуда, од кои првото е неопходно за беатификација, а таа пречка полскиот папа ја „совлада“ само шест месеци по смртта во 2005 година. Тоа беше исцелување на француската калуѓерка Мари Симон-Пјер, чие заздравување од Паркинсонова болест откако се молела за „интервенција“ на покојниот Јован Павле Втори, нема медицинско објаснување. Второто чудо, наводно се случило на самиот ден на неговата беатификација на раскошната церемонија одржана на 1 мај 2011 на плоштадот Свети Петар - тоа било исцелување на една жена од Костарика.

МИА

25.04.2014 - 14:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа