Вистински хорор- посвојуваат деца поради надомест а потоа ги силуваат
Две девојки навидум среќно посвоени доживувале вистински хорор.
Тие со години биле силувани од биолошкиот син на нивниот посвоител. Тој денес се наоѓа на слобода, а неговите родители биле осудени за злоставување на малолетнички.
Бидејќи системот за вдомување во Босна и Херцеговина не е законски уреден, децата често завршуваат како жртви на злоставување, силување и изгладнување.
Двете девојки своите посвоители ги нарекувале мама и тато и изгледало дека се среќни. Меѓутоа, од 2003. до 2006. година биле силувани од биолошкиот син на посвоителите. Силувањата започнале кога едната имала 7, а другата 9 години.
Кога дознале што прави нивниот син, родителите го истепале и му кажале да не го повтори истото. Неговиот татко ги тепал и девојките, заканувајќи им се да не кажуваат на никој што се случило,пишува Dnevni Avaz. Момчето е денес полнолетно и се наоѓа на слобода.
Случајот завршил на суд откако бил откриен во училиштето на девојките. Постапката траела 6 години, а посвоителите минатата година биле осудени поради злоставување на малолетнички и добиле парична казна, додека судење за силувањето воопшто немало. Во тек е второстепена постапка.
По откривањето на случајот, Центарот за социјална работа го раскинал договорот со брачниот пар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа