Кога се сака се се може: Индијка без нога го освои Монт Еверест

Арунима Синха, Индијката која ја загубила ногата кога била фрлена од воз во движење, е првата жена со ампутација што го освоила Еверест.

-Тргна од логорот во 18 часот во понеделник навечер и стигна на врвот во 10:55 по локално време во вторник – објави шерпасот Анг Шеринг, основач на организацијата Асиан Трекинг, која ја водеше експедицијата.

-Морав нешто да остварам во својот живот за да престанат луѓето да ме жалат – рече алпинистката.

најчитано сега