ФОТО: Фатмир се качи на такси за да не му го земе Пајакот - Раскажа што се случило
Фатмир кој се качи на такси за да не му го земе Пајак раскажа што се случило Вистинска драма се одвиваше на Железничката станица во Скопје на 28. април, кога изреволтиран такси-возач се качи на своето возило, додека Пајакот се обидуваше да го собере.
Фатмир Џелили за Телма објасни што се случило: - Во моментот дојде вработениот од Паркинг и ми покажа со прст да ја тргнам колата. Јас им реков дека треба да им кажат на дивите таксисти да не ни заземаат место. Вртев во полиција два пати, но не ми кренаа. Се свртев со грб на колата кога почнаа да ја собираат, кога ставија шепа. На колега му реков да ме носи во станица зошто не ми креваат. Од Паркинг ми рекоа ние усмено те предупедивме. Мито, корупција трае со години тука...вели таксистот.
Им рекол на вработените во Пајак да ја спуштат колата, но не сакале, па се качил на неа.
- Не знам што планирам сега. Целта ми е да се види како се работи во оваа држава, место да реагираат додека пријавувам мито и корупција, тие со мене се расправаа, па јас се качив и фатив за колата, вели Фатмир за Телма.
И МВР излезе со детали за драмата: -Во 12 часот на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Џ.(57) од Скопје, поради тоа што додека со пајак возило му било подигано неговото такси возило, агресивно се однесувал кон полициските службеници, се качил врз возилото и одбивал да се симне.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа