Сакал само да се пошегува - ученик падна во кома
Еден тинејзер од Ирска паднал во кома додека со другарите се забавувал на училиште. Според податоците од светските медиуми негов пријател го притиснал силно за тестисите сакајќи да се пошегува со него, но 17-годишното момче одеднаш паднало во кома. Професорот и еден од учениците брзо започнале да го реанимираат додека да дојде Брзата помош која веднаш била повикана.
Момчето засега е во стабилна состојба, но лекарите не го будат од кома. Извор близок до ученикот вели дека неговиот другар не направил ништо злонамерно, тие само се шегувале, па сакал да направи шега на не гова сметка, но не ни очекувал дека може да се случи и трагедија.
Докторите влат дека поради силното стискање, момчето можело да доживее и срцев удар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа