Путин и помогнал на Црна Гора да добие покана за НАТО?

 

Дејмон Вилсон, потпретседателот на американскиот Атлантски совет, острата реакција на Москва, во врска со неодамнешната посета на премиерот Мило Ѓукановиќ на САД и НАТО ја оцени како интензивен притисок.

- Мислам дека (рускиот претседател Владимир) Путин можеби и помогна на Црна Гора да добие покана за членство во НАТО, истакна Вилсон, додавајќи дека црногорскиот премиер Ѓукановиќ за време на неодамнешната посета на Вашингтон „завршил одлична работа“, прикажувајќи ја сликата за Црна Гора, која е подготвена да биде сојузничка на САД и НАТО. 

- Мислам дека и напрви голема услуга на својата земја, со отворен и искрен разговор за предизвиците, со кои Црна Гора се соочува на внатрешен план, нагласи Вилсон. 

Тој острата реакција на официјална Москва по повод посетата на Ѓукановиќ на САД ја оцени „како нов развој на ситуацијата и интензивен притисок“. 

- Путин практично прогласува војна на унапредувањето на Европа по Студената војна. Станува збор за мошне неправедни обвиненја, сметам дека Црна Гора воопшто не е анти-руски настроена. Црна Гора јасно става до знаење дека сака иднина втемелена во демократските институции и слободниот пазар, изјави Вилсон. 

22.04.2014 - 12:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега