Вечерва застрелан малолетник во училишен двор во Белград

Се уште непознато лице, вечерва околу 21:30 часот застрелало малолетник во училишен двор во белградската населба Калуѓерица, јавува РТС. Според информациите, малолетникот веднаш бил префрлен во болница но лекарите и покрај напорите не успеале да му го спасат животот. Информацијата за РТС ја потврдило и српското Министерство за внатрешни работи. 
Нема подетални информации за тоа како се случило убиството и дали му претходела некаква расправија.

21.04.2014 - 23:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега