Мајка ми ме тепаше и ме тераше да молам за прошка- исповед на виолинистката Ванеса Меј

35- годишната британска виолинистка Ванеса Меј на неодамнешните Зимски олимписки игри во Сочи скијаше под знамето на Тајланд. Таа секојдневно го освојува светот со своите изведби, но зад  големиот талент се крие мрачно минато.

 

Оваа музичарка славата ја стекна по трнлив пат, но сега за првпат проговори за бурниот однос со својата мајка Памела Тан Николсон, со која не разговара долги години.

 

Во интервјуто за „Mail on Sunday“ призна дека нејзината строга мајка, се обидувала да ја дисциплинира со физички казни.

 

 

- Ме тепаше и шамараше, ме тераше да клечам пред неа за да ме влече за уши и да ја молам да ми прости, раскажа Ванеса за чија кариера до 21 роденден се грижела нејзината мајка. Оттогаш не зборуваат.

20.04.2014 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега