Страшно: Се породила и си го убила своето бебе

Го задушила своето туку што родено бебе. Страшна прикзна пренесуваат српските медиуми, откако пред неколку дена, во едно село во близина на Ужице, 34 годишна жена била пријавена дека го убила своето туку што родено дете. Полицијата ја привела 34 годишната Слаѓана. Пред полициските службеници таа се правдала дека само што го родила своето дете, се онесветила и паднала преку него по што го задушила. Страшната слика, мртво бебе покрај цела локва крв, прв ја забележал невеначниот сопруг на Слаѓана.
Првичната истрага, како што пренесуваат српските медиуми покажува дека приказната на Слажана има многу недоследности. Полицијата се сомнева дека таа го задушила своето бебе во свесна состојба. Истрагата ќе покаже кој е во право, а поради недостаток на докази, на Слаѓана не и е одреден притвор. 

19.04.2014 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега