Вечерва сообраќајот во Скопје ќе се поремети - еве каде нема да се вози

Сообраќајот кај Соборниот храм вечер од 19 до 2 часот ќе биде пренасочен поради чествувањето на Христовото воскресение - Велигден.

По булеварот „Партизански одреди“ нема да се сообраќа на потегот од крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“ кај „Симпо“ до крстосницата со булеварот „ВМРО“ и зградата на Македонска пошта, додека по булеварот „Климент Охридски“ - од крстосницата со булеварот „Илинден“ кај Владата на Република Македонија до крстосницата со улицата „Димитрија Чуповски“ кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“.

Присуството на сообраќајната полиција ќе биде засилено поради големата посетеност на верските објекти.

19.04.2014 - 10:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега