Сообраќајот во Скопје ќе се поремети - ѕирнете каде нема да може да се вози

Велигденските празници викендов ќе го пореметат сообраќајот во Скопје. 

Сообраќајот околу соборниот храм „Св. Климент Охридски“ утре од 19 до 2 часот ќе биде пренасочен поради празнувањето на христијанскиот празник Велигден. Ќе биде променета насоката на движење и тоа на булеварот „Партизански одреди“ на потегот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт, кај „Симпо“, сè до крстосницата со булеварот ВМРО и зградата на Македонски пошти. 

Пренасочен ќе биде сообраќајот и на булеварот „Климент Охридски“, односно на потегот од крстосницата со булеварот „Илинден“, кај Владата на Република Македонија, сè до крстосницата со улицата „Димитрие Чуповски“ кај студентскиот дом.

Се очекува во наредните четири дена да се зголеми пристапот на граѓани околу верските објекти, поради што ќе биде засилено присуството на сообраќајната полиција.

18.04.2014 - 12:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега