Уставен одлучи: Парно ќе плаќаат и исклучените граѓани

 

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за иницијативата поднесени од Либерално демократската партија и тројца граѓани за  оценување на уставноста и законитоста на Правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергија на РМ во 2012. Со тоа, граѓаните кои се исклучени од парното ќе мора да плаќаат надомест за ангажирана моќност.

Во член 53, став 2 од Правилата се предвидува потрошувач кој побарал да се исклучи од мрежата во колективната зграда од топлиниската мрежа да има обврска да плаќа надомест за ангажирана моќност, кој е фиксен дел од надоместокот за топлинска енергија и притоа тој надоместок на ангажирана можност да се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.

Неминовно, како што велат од Судот, кај исклучениот потрошувач се предизвикува емисија на топлинска енергија, односно потрошувачка на топлинска енергија која без оглед што е исклучен потрошувачот сепак се троши и која реално е и добивка на исклучениот потрошувач со што за тој дел на потрошувачката има обврска да плати сразмерен надоместок за ангажираната моќност. На тој начин се спречува потрошувачите кои се приклучени на топлификациската мрежа да не го трпат товарот на потрошувачката, која не настанала кај нив, додаваат од Судот.

Судот смета дека не е потребна согласност од станарите за поединечно исклучување од парното во колективните згради. Според судиите пријавувањето на нелегалното користење на парното треба да е во надлежност на снабдувачот, а не како досега на управителот на станбениот објект.

ФОТО: Утрински 

 

најчитано сега