Починал од тага по смртта на своите браќа - мајка остана без трите деца

Двајцата близнаци Срѓан и Бобан Милиќ од Краљево загинале пред 15 години, а нивниот брат Горан почина од тага по нив.

Пред три години и нивниот татко Драгољуб починал од инфаркт, останала само мајката Нада, со спомените на нејзините најмили и болката која како што вели од ден во ден се повеќе се зголемува.

Таа секој ден го поминува гледајќи ги нивните фотографии и  милување на нивните лични предмети.

На гробиштата во Краљево еден на друг лежат тројцата браќа Милиќ. Близнаци Срѓан и Бобан кои загинаа во април  1999 година како припадници на југословенската војска бранејќи го Косово и Приштина.

Двајцата загинале за само десет дена. Најпрвин бил убиен Срѓан кој со возачот и уште тројца војници тргнал на воена задача и на само стотина метри по нивното тргнување возилото нагазило на мина и сите загинале на лице место.

Само три дена по погребот на Срѓан се случила нова трагедија. На воена задача загина и Бобан.

После трагедијата таткото Драгољуб, мајката Нада и синот Горан заминале во Краљево, каде имале друга куќа и решиле да живеат таму.

Но тагата за Срѓан и Бобан била толку голема што Горан не успеал да издржи. Срцето престанало д аму работи од тага за неговите починати браќа. Пред три години истата судбина го снајде и таткото Драгољуб.

Зошто ме оставија сама? Деновите некако ги издржувам но кога ќе падне ноќта постојано имам кошмари. Но некогаш имам и убави сонови. Разговарам со нив исто како да се до мене вели низ солзи мајката Нада. 

15.04.2014 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега