Брутално претепан украински пратеник

 

Пратеникот  Олег Царев, кој е и претседателски кандидат на изборите во Украина, закажани за 25 мај, брутално е претепан доцна синоќа во Киев, откако излегол од телевизиското студио на каналот ИТЦВ.

Тој бил нападнат од група агресивни граѓани, кои ја блокирале зградата на телевизијата, се наведува на интернет страницата на Царев. 

Тој по инцидентот изјави дека нема да ја повлече кандидатурата на претседателските избори под никакви околности, дури ни по цена на физички закани. 

 

15.04.2014 - 09:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега