Во болница пронајдени заборавени тела на 40 бебиња и фетуси - хорор кој го потресе светот
Хорор го потресе цел Бразил. Тела на 40 бебиња си фетуси се пронајдени во мртовечница вои една болница во Рио де Женеиро. Некои од телата се распаѓаат цели пет годни во мртовечницата на болницата Педро Ернесто во Рио де Женеиро.
Во мртовечницата се пронајдени и одреден број делови од тела, кои, како што тврдат обвинителите останале по итни ампутации.
- Тоа наликува на хорор филм. Наша цел е сега бебињата достоинствено да ги погребаме што е можно поскоро, изјави обвинителот Ана Критина Хут Масебо, додавајќи дека оваа болница е позната по високо ризичните породувања, што може да биде едно од појаснувањата зошто има толку мртви бебиња.
Како што изјавуваат од болницата дека родителите никогаш не дошле по телата на починатите и мртвородени бебиња.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа