Нова теорија: Алкохолот крив за убедливиот пораз на Пендаровски
Претседателот на општинската организација на СДСМ Крива Паланка и кандидат за пратеник во третата изборна единица Борјанчо Мицевски, денеска на прес-конференција објави дека во Крива Паланка немало фер и демократски избори, пренесуваат порталите блиски до опозицијата. Причина според него било тоа што членови на избирачкиот одбор конзумирале алкохол
- Пред гласачкото место 955 во село Мартиница бил отворен штаб на ВМРО кој активно работел цел ден, а е на само на 30 метри од гласачкото место. На поголем број гласачки места маркерот се брише со обично влажно марамче. На избирачкото место 971 во село Габар претседателката на избирачкиот одбор со иницијали К.С ги делела ливчињата со се сериски броеви и така се пуштани во гласачката кутија. На избирачкото место 959 во селото Б’с членовите на избирачкиот одбор О.Т и С.П конзумирале алхохол, а заменик претседателката Б.С не ги спречила во тоа. Кога дошол овластениот претставник од СДСМ тие почнале вулгарно да се однесуваат и ги навредувале сите присутни - додаде тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа