Ова е најголемиот губитник на овие избори
Стевчо Јакимовски и неговата ГРОМ дефинитивно се најголемите губитници во првиот круг на претседателските избори во Македонија. Кандидатот на неговата партија во првиот круг освои само 31.633 гласови или 3,61% од вкупниот број на избирачи кои излегле на гласање. Со таков резултат, Јакимовски не може да се надева на повеќе од 1 пратеник во македонското Собрание.
Сепак, поразот на Јакимовски очигледно најеќе боли во „неговата“ општина Карпош. Кандидатот на ГРОМ во оваа скопска општина освои само 4145 гласови што е за 4 пати помалку од резултатот на Пендаровски кој имаше над 16.000 гласови и за повеќе од 3 пати помалку од резултатите на Иванов кој освои над 13.000 гласа.
Ако се направи споредба со локалните избори минатата година, Јакимовски заедно со Спрската напредна партија на изборите за советници освои двојно повеќе гласови или 8.189, додека за градоначлник, во вториот круг Јакимовски имаше две третини од гласовите кои сега ги освои Поповски, односно над 19.000 гласачи му дадоа поддршка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа