Спасовски: Очекуваме масовна поддршка за Пендаровски
Според првичните информации до кои стигнал Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, одѕивот на гласачите е околу 50 проценти. Според опозициската СДСМ, денешните избори биле проследени со низа неправилности и нерегуларности.
-Досегашните информации од изборниот ден, говорат дека за жал гласањето во голем број избирачки места беше проследено со низа нерегуларности и неправилности. ДИК и надлежните институции имаат обврска согласно законот да ги санционираат сите прекршувања на изборниот процес.
Според СДСМ, граѓаните денеска покажале воља за промени.
-Граѓаните почувствуваа дека кандидатот на СДСМ е профил на кандидат за претседател кој им дава вистинска надеж. Очекуваме резултатите од изборите да го потврдат ова расположение на граѓаните и масовната поддршка за Стево Пендаровски, рече Оливер Спасовски по затворањето на избирачките места.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа