Иванов: Фер избори – доказ дека Македонија функционира со целиот свој кредибилитет

 

Кандидатот за претседател на Република Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов денеска, откако гласаше во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје истакна дека очекува успешни избори кои ќе бидат доказ дека Македонија функционира со целиот свој кредибилитет и капацитет. 

 

 - Со сопругата Маја и со синот Иван го остваривме нашето право на глас. Очекувам дека и сите граѓани на Република Македонија ќе го направат тоа и ќе излезат на изборите и зад нас да оставиме едни успешни избори и да покажеме дека Македонија функционира демократски со целиот свој кредибилитет и капацитет, рече Иванов.

 

После изборите, рече Иванов, очекуваме да продолжиме со остварување на нашите стратешки цели и да работиме на просперитетот на Република Македонија и нејзините граѓани. 

13.04.2014 - 19:03
Фото: 
MIA

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа