Како се одвива гласањето во Гевгелија до 13 часот?

Гласањето во Гевгелија се одвива мирно и без инциденти. Своето право на глас до 13 часот го оставриле 7.178 гласачи или 36,7%.

Во Богданци има 12 избирачки места и до 13 часот своето граѓанско право го оствариле 2.371 гласач или 34%.

На осум избирачки места во општина Дојран излегле да гласаат 836 граѓани од вкупно 2.780 или 30,12 отсто.

13.04.2014 - 14:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега