ВИДЕО: Го паркирал луксузното BMW пред хидрант- еве какво си го нашол

Американец своето ново луксузно бе-ем-ве го паркирал покрај хидрант така што бостонските пожарникари кои излегле на терен како би изгаснале пожар не можеле своите црева да ги приклучат на хидрант.

Пожарникарите му ги искршиле стаклата на автомобилот за да го прикачат цревото. Во пожарот никој не настрадал, но повеќе од 30 луѓе останале без кров над главата.

Сопственикот на луксузниот автомобил освен искршените стакла ќе треба да плати и казна за непрописно паркирање од 100 долари.

13.04.2014 - 12:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега