Штип гласа за претседател - излезноста до 10 часот 15 проценти

 

Топлото време денеска ги намами штипјани на прошетка, а голем дел од нив и да го дадат својот глас за претседател. 

Оваа година во Штип се гласа на 80 избирачки места, за разлика од минатите години кога се гласаше на 69. Право на глас имаат вкупно 39.903 граѓани, и уште 1,796 лица кои се ставени на посебен список бидејќи не се во државата повеќе од три месеци.

Заклучно со 10 часот гласале 15,4 проценти од гласачите. Во Пехчево, Пробиштип и Кочани гласале над 15 проценти од гласачите, додека во Делечво нешто под 12.

 

 

13.04.2014 - 12:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа