Излезноста на овие претседателски избори поголема од излезноста во 2009

 

Излезноиста на овие претседателски избори е поголема во однос на претходните избори во 2009 година. Оваа година до 10 часот гласале 9, 16 проценти, за разлика од 2009 година, кога до истиот период гласале 7,9 проценти.

Поголема излезност има во општините каде доминира население од македонски етнички состав отколку  на местата каде има етнички Албанци. Рекордер по најниска излезност е Арачиново каде до 10 часот гласале само 80 граѓани или 0,9 проценти во оваа општина, што е намалување за разлика од 2009 каде во истиот период до 10 часот гласале 6,3 проценти.

Пониска е излезноста во Гостивар каде до 10 часот гласале 2,3 проценти од гласачите што е намалување и во однос на 2009 каде до истиот периопд гласале 6,9 проценти од гласачите.

Голема излезност има во скопските општини. Во сите скопски општини има зголемување на излезноста за разлика од 2009 година, за 2 до 3 проценти.

 

 

 

13.04.2014 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега