Како тече гласањето во Гевгелија, Дојран и Богданци?

 

И во Гевгелија денеска гласањето за претседател започнало точно навреме во 7 часот, а се одвива без проблеми.

Во општина Гевгелија гласале 11,10 отсто од запишаните 19.509 граѓани или вкупно 2.165 во 37-те избирачки места. Граѓаните гласаат достоинствено, во демократска атмосфера на сите гласачки места.

Во општина Богданци излезеноста до 10 часот е 12 отсто.Од запишаните 7.009 гласачи на 12-те избирачки места гласале 815 лица, додека во  Дојран гласаат 2.776 граѓани на осум избирачки места. Заклучно со 10 часот правото на глас го искористиле 312 граѓани или 11,2 отсто од гласачите.

13.04.2014 - 11:32
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега