Крвави протести во Рим- 14 лица повредени

 

Четириесет лица  се повредени во синоќешните судири меѓу демонстранти и полицијата во италијанскиот главен град, објави Кориере дела сера.

Најтешко повреден е 47-годишен маж кој ја загубил раката од експлозивно средство.

Десетина од повредените се демонстранти додека останатите се полицајци. Седуммина се приведени, соопшти полицијата.

Протестите беа организирани од различни движења - против станбената политика, економската ситуација, против состојбата на пазарот на трудот, студенти како и противници на изградба на брза пруга меѓу Лион и Торино. Според организаторите, во демонстрациите учествувале повеќе од 15.000 луѓе.

13.04.2014 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа