Што се случува на избирачките места во Виница, Пробиштип и Кочани?

 

Во Кочани утрово навреме се отворени 63 избирачки места со запишани 32.697 граѓани со право на глас.

Во Општина Виница на единствениот избирачки список се наоѓаат запишани 16.868 граѓани, а ќе се гласа во 33 избирачки места. Во оваа општина бројот на избирачките места е за три повеќе од минатогодишното гласање. 

Во општината Чешиново Облешево денеска се очекува да гласаат 5.781 граѓанин со право на глас на 13 избирачки места, додека во Општина Зрновци на четири избирачки места ќе гласаат 2.616 граѓани.

Во општина Пробиштип од изутринава гласањето се одвива без проблеми. Во оваа општина на 46 избирачки места се очекува да гласаат 13.082 граѓани.

13.04.2014 - 10:55
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа