До 10 часот гласале 9% од полнолетните кумановчани

 

Гласањето тече без проблеми во Општина Куманово. Според информациите на претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Виолета Арсовска, до 10 часот на гласање излегле 9% од граѓаните.

Право на глас имаат 85.203 кумановчани, кои ќе гласаат на 167 избирачки места. 

Во Липково, до 10 часот гласале 1% од граѓаните.

- Гласањето се одвива мирно и во демократска атмосфера, информира Неџади Османи од ОИК Липково. Во оваа општина право на глас имаат 20.742 лица, кои гласаат на 36 избирачки места.

Во Старо Нагоричане, пак, во првите три часа гласале 6,2 проценти од граѓаните со право на глас. Претседателот на ОИК Тина Костовска, гласањето се одвива мирно. Во Старо Нагоричане право на глас имаат 3.442 лица, кои гласаат на 38 избирачки места.

13.04.2014 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега