Сијамски близнаци кои не сакаат да бидат разделени

 

Момчињата од Индија не сакаат да бидат одделени бидејќи тоа би значело дека еден од нив по операцијата ќе биде прикован за кревет, или во инвалидска количка. Шивант и Шивро(12) научиле самите да се грижат за себе , тие можат да возат посебен трицикл , да играат крикет и се добри ученици.

Сијамски близнаци од Индија , Шивант и Шивро ( 12 ) се момчиња кои се поврзани со долниот дел на телото , од половината надолу . Овие момчиња не сакаат да бидат одделени , иако лекарите велат дека таква операција е можна.

Сепак, по поделбата едно од момчињата ќе има нормален живот, додека другото останува приковано за кревет , или во инвалидска количка.

Затоа што ги делат нозете отежнато им е движењето. Сепак, тие научиле самите да се грижат за себе. Се облекуваат, се капат и можат да се движат, да се качуваат и да се симнуваат по скалите.

Момчињата дури можат да возат и трицикл, кој е специјално дизајниран за нив, а често играат крикет, кој е исклучително популарен спорт во Индија.

Нивниот татко , Раџ Кумар ( 45 ), кој покрај нив има пет ќерки, вели дека на другите луѓе во селото им е забавно да ги гледаат неговите синови, но само тој знае со каков вид на проблеми тие се соочуваат .

- Кога ќе дојде дождовната сезона е отежнато нивното движење. Сепак, јас сум горд на нив, тие се добри ученици во училиштето и никогаш не се расправаат – вели нивниот татко, кој исто како момчињата, не сака да бидат одвоени.

13.04.2014 - 10:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа